Дигитализацијата би немала смисла доколку нема кој да оствари бенефит од неа. Отпорот кон користењето на технологии е честопати последица на генерацискиот јаз и недоволното познавање на информациските технологии кои резултираат во недоверба кон истите. Подобрувањето на дигиталните вештини е најдобар одговор на овие предизвици.