Нашите вредности

ИнноХаб е составен од десеттина поединци од неколку држави, обединети во убедувањето дека дигиталната трансформација е можност за оддржлив развој.

ИнноХаб здружение на слободоумни поединци регистрирано во Северна Македонија како Здружение за дигитални иновации и трансформации ХАБ Скопје. ИнноХаб се залага за дигитализација на општествените процеси како предуслов за одржлив развој на Северна Македонија. ИнноХаб се самофинансира и се финансисира преку грантови од донатори со кои се спроведуваат нашите програми.

Основачите и поддржувачите на ИнноХаб претставуваат комбинација на инженери и девелопери на една, и лица од општествениот сектор и бизнисот заедницата од друга страна. ИнноХаб обединува уникатни вештини, потребни за спроведување на програми за дигитализација на општествените процеси како предуслов за одржливиот развој. 

0
Членови и подржувачи
0
Практиканти во EDU4IT
0
Тековни развојни проект

ИННОХАБ Е ОТВОРЕН ЗА ЧЛЕНСТВО, ИЛИ ВО СОБРАНИЕТО ИЛИ ВО СОВЕТОДАВНИОТ ОДБОР, ЗА СИТЕ ПОЕДИНЦИ КОИ ЈА ДЕЛАТ НАШАТА ВИЗИЈА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ ДРЖАВА НА БОГАТИ И СРЕЌНИ ГРАЃАНИ, КОИ СОЗДАВААТ ПОГОЛЕМА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ НАТПРЕВАРУВАЈЌИ СЕ СО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ И ВЕШТИНИ НА СВЕТСКИОТ ПАЗАР.

Можеби ќе ве интереира

ИНИЦИЈАТИВA – Going Digital Against Covid-19 – Establishing Free Telemedicine Video Conferencing Platform in North Macedonia
Од 1 февруари 2021 година, ИнноХаб и Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти ќе работат на изработка на веб апликација за...
Иницијативa – Going Digital against Covid-19
Со поддршка на австралиската амбасада во Белград, во наредните неколку месеци ИнноХаб во соработка со Асоцијацијата на млади лекари и...
Запознајте го ИнноХаб – ХАБ за дигитализација на општествените процеси

Добредојдовте на веб страницата на здружението на граѓани ИнноХаб (целосно име: Здружението за дигитални иновации и трансформации ХАБ Скопје).

IT&ENTER – ПРОГРАМ ЗА АКЦЕЛЕРАЦИЈА НА ИДЕИ И ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИЧКИ ДУХ

Најважната состојка во успехот на дигиталните бизниси е претприемништвото. ИнноХаб поддржува претприемачки дух преку акселерирање на идеи со потенцијал за комерцијализација и успех. Без преземање ризици нема успех.

EDU4IT – ПРОГРАМ ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ВО ВО НАСОКА НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЛИВОСТА ВО ИТ СЕКТОРОТ

Многу провајдери на неформално образование на пазарот нудат инстант решенија за преквалификација во ICT секторот. Преку нашиот EDU4IT програм нудиме учење низ работа на реални проекти, под менторство на искусни девелопери.

IT4DEV – ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ОДДРЖЛИВ РАЗВОЈ

Извозот на информатички услуги расте, но аусорсингот се’ уште доминира. ИнноХаб поддржува екосистем во кој ќе расте извозот на изворен софтвер и услуги кои имаат повисока додадена вредност.