
Практикант
Brief info
Надица Упчева е родена на 22.02.1997 година во Гевгелија. Во 2021 година го завршува своето високо образование на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и се здобива со титулата магистер по правни науки од областа на граѓанското право. Во текот на студиите работи како практикант во Адвокатската канцеларија Дине Ајцев, Адвокатска канцеларија Павлина Зефиќ и Адвокатска канцеларија Папазовски и Мишев. Својата љубов и интерес кон правните науки ги изразува преку активно членство во невладиниот сектор и истовремено со заземање учество во низа проекти и обуки со цел самонадоградување.