Добредојдовте на веб страницата на здружението на граѓани ИнноХаб (целосно име: Здружението за дигитални иновации и трансформации ХАБ Скопје).

Добредојдовте на веб страницата на здружението на граѓани ИнноХаб (целосно име: Здружението за дигитални иновации и трансформации ХАБ Скопје).
Најважната состојка во успехот на дигиталните бизниси е претприемништвото. ИнноХаб поддржува претприемачки дух преку акселерирање на идеи со потенцијал за комерцијализација и успех. Без преземање ризици нема успех.
Многу провајдери на неформално образование на пазарот нудат инстант решенија за преквалификација во ICT секторот. Преку нашиот EDU4IT програм нудиме учење низ работа на реални проекти, под менторство на искусни девелопери.
Извозот на информатички услуги расте, но аусорсингот се’ уште доминира. ИнноХаб поддржува екосистем во кој ќе расте извозот на изворен софтвер и услуги кои имаат повисока додадена вредност.
Само државите кои имаат капацитет за креирање ефикасни развојни политики имаат шанса да успеат. ИнноХаб дава конструктивна поддршка за развој на политики кои водат во одржлив развој.
IT секторот станува атрактивен за голем дел луѓе кои се преквалификуваат за работа во секторот. EDU4IT е програмот за практикантство кој го нудиме на пазарот.
ИнноХаб верува во и се бори за развој на економијата базиран на знаење.
Поради пандемијата која го погоди светот во 2020 година се’ повеќе се зголемува свесноста за дигитализацијата. ИнноХаб е воден од премисата дека повеќе дигитализација значи и поголема демократија и транспарентност.
Културата на преземање ризик е нешто што нашето општество треба да издигне на пиедесталот на вредностите. ИнноХаб низ својата работа го поттикнува ппретприемачкиот дух во дигиталниот и иновацискиот сектор.