Пандемијата која го погоди светот во 2020 година не’ натера да размислуваме за своите рутини и навики. Се’ повеќе се зголемува свесноста дека голем дел од практиките на кои трошиме дел од своето време може да ги правиме на полесен начин. Овие трендови не ја одминуваа ни Македонија, во администрацијата, бизнисот и образованието. ИнноХаб е воден од премисата дека повеќе дигитализација значи и поголема демократија и транспарентност.