Со поддршка на австралиската амбасада во Белград, во наредните неколку месеци ИнноХаб во соработка со Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти ќе спроведе мал проект наречен Going Digital Against Covid-19. Во проектот ќе создадеме веб апликација, во која лесните пациенти во изолација ќе можат да ги внесуваат своите дневни параметри и да вршат мониторинг на своето здравје според официјален протокол. Апликацијата ќе употреби и елементи на гејмификација. Апликацијата ќе даде можност податоците да бидат споделени со матичните лекари, со што значително ќе се намали административниот терет врз оваа група на здравствени работници и истите ќе добијат агрегирани и поединечни податоци за секој пациент што учествува. Апликацијата ќе биде модуларна и во иднина ќе се користи и за мониторинг на други, пред се хронични заболувања, а постои и можност на истата да биде интегриран и систем за телемедицина (видео конференции). Оваа иницијатива е дел од нашите напори за зголемена употреба на технологии во медицината (e-health).
Изразуваме голема благодарност за кофинансирањето за оваа иницијатива од страна на Амбасадата на Австралија во Белград, во рамките на нивната програма за мали грантови.