Од 1 февруари 2021 година, ИнноХаб и Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти ќе работат на изработка на веб апликација за видео конференции меѓу лекари и пациенти. Видео сервисот ќе биде понуден бесплатно на сите матични лекари и пациенти во државата . MVP верзијата на апликацијата се очекува да биде готова до крајот на март 2021 година. Потоа ќе започне тестирањето и усвојувањето од страна на рани корисници. Оваа иницијатива е дел од нашите напори за зголемена употреба на технологии во медицината. Иницијативата е поддржана од Балканската фондација за демократија од Белград (Balkan Trust for Democracy) и од американскиот народ преку УСАИД (USAID).
Изразуваме голема благодарност за финансирањето на иницијатива на BTD и USAID.