Достапен е Мој Лекар – mojlekar.org

Достапен е Мој Лекар – mojlekar.org

Достапен е Мој Лекар – mojlekar.org

ИнноХаб го лансираше бесплатниот сервис за телемедицина, брендиран под името Мој Лекар. Сервисот е поддржан од Амбасадата на Австралија во Белград како и од Балканската фондација за демократија (BTD) и е изработен во соработка со АСМЛ.

Во рамки на сервисот е изработена мобилна апликација. Андроид верзијата е достапна на PlayStore:

https://play.google.com/store/apps/details?id=org.app.mojlekar.com

Мој Лекар е мобилна апликација за безбедна комуникација меѓу пациентите и матичните лекари. Регистрирајте се како пациент, следете ја својата здравствена состојба според стандардизирани анкети и, доколку сакате, поврзете се со својот матичен лекар. МојЛекар содржи стандарден прашалник за пациенти во самоилозација поради Ковид-19, но во иднина ќе бидат достапни повеќе прашалници за следење други здравствени состојби. Наскоро ќе имате можност за безбедна комуникација со вашиот лекар преку интегриран “чет” во самата апликација, како и можност за видео конференција. Следете ја состојбата со своето здравје, искористете ги технологиите и овозможете им на лекарите повеќе време за својата вистинска работа – грижата за вас пациентите.

InnoHub skopje