ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ОПШТЕСТВЕНИ ПРОЦЕСИ – ЦЕЛ 2

Поради пандемијата која го погоди светот во 2020 година се’ повеќе се зголемува свесноста за дигитализацијата. ИнноХаб е воден од премисата дека повеќе дигитализација значи и поголема демократија и транспарентност.

ПОТТИКНУВАЊЕ НА ПРЕТПРИЕМАЧКИОТ ДУХ ВО ДИГИТАЛНИОТ И ИНОВАЦИСКИОТ СЕКТОР – ЦЕЛ 9

Културата на преземање ризик е нешто што нашето општество треба да издигне на пиедесталот на вредностите. ИнноХаб низ својата работа го поттикнува ппретприемачкиот дух во дигиталниот и иновацискиот сектор.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ПРЕКУ ПРИМЕНА НА ДИГИТАЛНИ РЕШЕНИЈА – ЦЕЛ 7

Дигитализацијата ја зголемува транспаретноста и ја намалува корупцијата. ИнноХаб силно ја поддржува дигитализацијата и зголемувањето на транспарентноста на институциите.

ПОДОБРУВАЊЕ НА ДИГИТАЛНИТЕ ВЕШТИНИ И ДИГИТАЛНАТА ПИСМЕНОСТ – ЦЕЛ 6

Недовербата кон информациските технологии е една од причините за се’ уште незадоволитеното ниво на користење на дигиталните услуги. Подобрувањето на дигиталните вештини е најдобар одговор на овие предизвици.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОБЕМОТ НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ЈАВНИТЕ И ПРИВАТНИТЕ УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – ЦЕЛ 5

Најдобар лек против бесцелното и фрустрирачко “шалтерисување“ низ јавните институции е дигитализацијата. ИнноХаб ги поддржува сите иницијативи на институциите и другите актери кои водат кон дигитализација на јавните услуги.

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ ПРЕКУ ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ОШТЕСТВОТО – ЦЕЛ 1

IT секторот е една од компаративните предности кои имаат потенцијал за релативно кратко време да создадат додадена вредност потребна за развоен скок во Северна Македонија. За ИнноХаб дигиталната трансформација е одржлив развој.