Во мај 2021 година ИнноХаб почнува да работи на воспоставување на краудфандинг платформа за граѓанските организации во Северна Македонија. Идејата на платформата е да овозможи практични алатки за донирање со сакаме да проденесеме кон подобрување на културата на давање во непрофитни цели. Со тоа проектот ќе придонесе и кон зголемена независност на граѓанските организации.
Проектот ќе биде спроведуван во партнерство со Центарот за економски анализи, Банката за храна, и АСМЛ.
ИнноХаб изразува голема благодарност до програмата Цивика Мобилитас, која ја препозна важноста на иницијативата.
Повеќе информации за поддршката може да се најде на следниот линк.