Пријави се – бесплатни обуки за приватност на податоци во дигиталниот свет

Пријави се – бесплатни обуки за приватност на податоци во дигиталниот свет

Пријави се – бесплатни обуки за приватност на податоци во дигиталниот свет

ИнноХаб Скопје распишува конкурс за бесплатни обуки базирани врз пристапот Learning-by-Doing за млади професионалци кои сакаат да градат вештини за и кариера во областа на безбедност и заштита на лични податоци во дигиталниот свет. Пријавата може да се пополни на следниот линк, најдоцна до 8 јуни 2021 година, во 16 часот. Обуките се дел од програмот EDU4IT.

https://forms.gle/yNoVcXwpSKnoogMcA

За кого е наменета?

Обуките се наменети за студенти од касни години и млади правни или сродни професионалци кои сакаат да научат повеќе за проблематиката на заштита на личните податоци во дигиталните бизниси. Во услови на раст на дигиталните бизниси и се’ поголема регулација на заштитата на личните податоци на интернет, проблематиката на заштита на приватноста и интегритетот и доверливоста на податоците на интернет е се попосакуван профил за работодавачите во глобалниот дигитален бизнис.

Што е обуката е колку трае?

Обуката ќе биде изведена во форма на работа на решавање на конкретен проблем (пишување на политика за приватност на дигитален проект), за кој учесниците ќе добијат теориско и практично знаење потребни за решавање на проблемот. Групата составена од пет поединци ќе работи вкупно 8-10 седмици под менторство на искусен професионалец од областа.

Што добивате од програмот?

Обуките се дел од програмот EDU4IT на ИнноХаб. Идејата на програмот е да ја зголеми вработливоста на разни профили во ИКТ секторот. По завршување на програмот сите учесници ќе добијат сертификат и ќе станат дел од базата на експерти на ИнноХаб, која ќе биде достапна за потенцијални работодавачи и клиенти. ИнноХаб се обврзува да издаде и сертификати за завршена пракса.

EDU4IT нуди 8 неделни бесплатни обуки за проблематиката на заштита на податоци во дигиталните бизниси. Пријави се и напредувај!

InnoHub skopje