ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОБЕМОТ НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ЈАВНИТЕ И ПРИВАТНИТЕ УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – ЦЕЛ 5

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОБЕМОТ НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ЈАВНИТЕ И ПРИВАТНИТЕ УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – ЦЕЛ 5

“Шалтерисувањето“ како концепт е чедо на нашата држава. Количината на драгоцено време кое се троши за завршување на банални обврски како остварување права и вадење документи нужни за животот ги фрустрира и оние со најчелични нерви. Дигитализацијата на услугите е најдобар лек против бесцелното трошење на време, кое може да се насочи на убавите страни на животот.