Само државите кои имаат капацитет за креирање ефикасни развојни политики имаат шанса да успеат. Истото важи и за развојот на ICT секторот. ИнноХаб ќе дава поддршка, преку лобирање и препораки базирани на истражувања на реалните потреби на корисниците, во процесите на креирање на политики. Особено внимание посветуваме на пристапните преговори за членство во Европската унија, каде што поглавјето 10 (Информатичко општество и медиуми) ќе биде клучно.