Во 2019 година, вредноста на извозот на компјутерски и информатички услуги од Македонија ја надминала вредноста на извозот на овошје и зеленчук заедно. Сепак, голем дел од овој извоз спаѓа во така наречениот оутсорсинг, во кој додадената вредност е помала. ИнноХаб се за поголема интеграција на изворните македонски софтверски производи и услуги во светскиот ICT екосистем со што додадената вредност би била поголема што ќе води до поголем раст и одржлив развој. Своите заложби ги остваруваме преку застапување за промени особено во делот на даночната политика, образованието на кадар и градењето на претприемачки дух.